Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
invitationcizevski2

Предавање на Кшиштоф Чижевски со јавна дискусија

 

„Слобода наспроти солидарност: Предизвикувајќи ја современата уметност и култура“

 

Почитувани,

Ни претставува особена чест да Ве поканиме на предавањето на еден од најважните современи полски и европски интелектуалци, Кшиштоф Чижевски, насловено „Слобода наспроти солидарност: Предизвикувајќи ја современата уметност и култура“. Предавањето ќе се одржи во клубот ГЕМ во Старата скопска чаршија, на 14 декември, понеделник, со почеток во 19 часот и ќе биде проследено со јавна дискусија.

„...Се враќаме кон солидарноста како скитници кои се враќаат дома од долго патување долж патеките на слободата. Токму за слободата го ставивме картезијанскиот светоглед на човечкото "Јас" во центарот. Соодветно на тоа создадовме и систем на државата (во служба на националната независност), политички систем (со влада избрана по слободна волја на мнозинството) и економски систем (врз основа на идеите на приватната сопственост и слободниот пазар), и конечно, развивме култура што го става во својот центар неограниченото его на уметникот-Демиург. Ни требаше време да разбереме дека слободата без еднаквост и братство носи ропство. Населувајќи ги суверените национални држави почнавме да се чувствуваме загрозени од внатрешното и надворешното насилство од оние кои го искусиле од прва рака недостатокот на солидарност. Постојано проширувајќи го опсегот на индивидуалните слободи научивме да го распознаваме горчливиот вкус на отуѓувањето, себичноста и осаменоста меѓу другите луѓе, како и депресијата, најчестата болест на либералните општества. Тоа е искуство на модерноста, кое нè направи свесни дека човекот се раѓа за слобода, но станува навистина слободен само кога е во можност доброволно да се откаже од својата слобода за повисока цел. Односно, да се врати на солидарноста...“

Кшиштоф Чижевски е еден од најголемите полски и европски интелектуалци. Тој е граѓански активист, есеист, театарски продуцент и издавач. Основач и директор на Центарот „Пограниче" во Сејни, Полска. Уште од 1977 година го свртува вниманието со создавањето на денес светски познатиот Театар Гарџеница во Лублин, Полска. Важи како дисидент и андерграунд уметник од времето на Железната завеса. Во 1990 година ја основа Пограничната фондација со цел да се зачува културнатаа различност во Централна и Источна Европа, уништена наголемо меѓу двете светски војни. Тој е оособено активен во земјите во кои беснеат војни и етнички тензии, обидуваајќи се да поттикне услови за закрепнување на општеството и да го овозможи интеркултурниот и интеррелигискиот дијлог. Член е на многу дебатни клубови и форуми низ светот, од Њујорк, Брисел, Амстердам до Будимпешта.