Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
Konferenciskabroshuraweb1

Меѓународна конференција

Дијаспора, мобилност, номадизам, различност

23-24.11.2016,

Национална галерија, Чифте амам, Скопје

Програма на конференцијата

 

23.11.2016, среда

Прв ден

10.00-12.00

Роберт Алаѓозовски, Дарка Радосављевиќ

Вовед во конференцијата

 

Моника Мокре

Вклученоста и исклученоста од страна на уметностите

 

Александра Лазар

Активизам, Брегзит и добриот мигрант

 

Лидија Димковска

Да се пишува за дијаспората и да се живее во различности

 

12.00-12.30 кафе и чај пауза

 

12.30-14.30

Елизабета Шелева

Лични забелешки за дијаспоричната носталгија

 

Мелентие Пандиловски

Феноменологијата на дијаспоричните искуства – од корпореалното и дигиталното до биотехнолошкото

(скајп врска-Австралија)

 

Јане Чаловски

Престојот наспроти домот: Потрагата по бегството од себе

 

Сабина Габик

Бегалец, мигрант, турист: Важното за менувањето на местата

(излагање со фото-шоу)

 

14.30-15.30

Генерална дискусија

 

24.11.2016, четврток

Втор ден

10.00-12.00

Ивајло Дичев

Мобилноста како ритуал, статус и идентитет

 

Ирена Беќиќ

Меѓу таму и таму: анатомија на привремените миграции

 

Аријан Лека

Ние, нашиот народ, но и нашата чорба

 

12.00-12.30 кафе и чај пауза

 

12.30-13.30

Драгослав Дедовиќ

Меѓу раковиот од и мрежата за пеперуги

 

Лилјана Симиќ Деру

Интеркултурна етика: медиско претставување на различноста

 

13.30-14.30

Марко Стаменковиќ

Поздрав од другата страна. Европа, миграцијата и царевото ново руво

(излагање-перформанс)

 

14.30-16.00

Завршна дискусија и заклучоци од конференцијата

 

Оваа интер- и мултидисциплинарна меѓународна конференција, во две целодневни сесии има за цел да се преиспита концептот на дијаспората, мобилноста, номадските искуства, честите патувања, уметничките и културните резиденции. Без разлика дали се индивидуални или групни, економски или политички, движењата на луѓето преку границите имаат силно влијание врз општествата, врз нивниот развој, но и врз конфликтите.

Главните прашања кои сакаме да ги покренеме, но не сме ограничени само на нив се:

• Која е улогата на дијаспората во итноста да се изгради нацијата итност и ставањето на прашањето на идентитетот во центарот на вниманието?

• Што се случува кога амбивалентноста и контрадикторноста се појавува во уметничките спомени од татковината?

• На кој начин новите модели на мобилност, номадските искуства, честите патувања, краткорочните престои во други земји, како и уметничките и културните резиденции влијаат и обликуваат нечија уметничка практика и поетика?

• Зошто традициите се честопати измислени при поглед наназад?

• Кој простор им припаѓа на трансмигрантските групи и те без државјанства, како имигранти, економски мигранти, бегалци, бегалци и луѓето без легален престој?

• Како доброволните дијаспорични субјекти се различни од оние чии животи се одбележани со прогон и принудна економска миграција?

• Како дијаспората се рекреира преку cyberscape?

• Може ли да се појават различни видови на државјанство - флексибилни, дијаспорични и номадски?

 

Трудовите се базираат на три модули на истражување:

• аналитички академски трудови, за кои ќе се расправа за време на конференцијата;

• Студии на случај, како и препораки базирани на истражувања на културните политики;

• претставување на конкретни уметнички и културни проекти околу прашањата на дијаспората или од дијаспорични уметници.

 

Работниот јазик на конференцијата е англиски.