Координатори на проектот |
|||||||
Роберт Алаѓозовски (1973) е самостоен истражувач, писател, критичар и есеист. Докторанд од областа на културниот менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот во Скопје. Сопственик на издавачката куќа Готен. Магистер е на компаративна литература на скопскиот универзитет. Автор е на четири книги и на преку педесет теориски и есеистички статии и студии од областа на книжевноста, филмот, културната политика. Бил претседател на Оракл мрежата на европски менаџери во културата со седиште во Брисел во максималните три мандатиод 2005 до 2014 година. Асистент е на Европската диплома за управување на проекти од културата на Асоцијацијата Марсел Хиктер од Брисел. Член е на друштвото на Независни писатели на Македонија. Уредник е во списанието Сараевски тетратки. Бил вклучен во многу проекти од областа на културата и младите: за културна децентрализација, интеркултурализам, регионална и меѓународна соработка. Има преведено неколку важни книги од англиски и српско-хрватски. |
|||||||
Јанка Вукмир живее и работи во Загреб како многу активен историчар на уметноста на полето на современата уметност. Работела куратор и член на жирија и е меѓународно објавуван автор. Работејќи во непрофитниот сектор повеќе од 20 години, Вукмир исто така се занимава и со организација, наоѓање финансии и изградување на капацитетите и способностите за раководење, посетувајќи многу семинари на овие теми. Таа била и помошник директор и директор на SCCA Загреб и е ко-основач и претседател на Инсититутот за современа уметност. |
||||