Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
povikez2

Повик за учество

Работилница со Владимир Пиштало

„Нашиот човек преку Барата - Како да го обликуваме неговиот книжевен лик“

во рамките на проектот „Од дијаспора до различности“

28 мај 2016 година, Скопје, кафе книжарница Магор, 17 часот

 

Здружението на граѓани Есперанца – Светски културен центар ги повикува заинтересираните учесници/чки да се пријават на еднодневната работилница, „Нашиот човек преку Барата - Како да го обликуваме неговиот книжевен лик “ со Владимир Пиштало, којашто ќе се одржи на 28 мај 2016 година во рамките на проектот „Од дијаспора до различности“.

Нашиот човек преку Барата - Како да го обликуваме неговиот книжевен лик

Работилницата е инспириран од потребата за ново разбирање на дијаспората во контекст на променетиот амбиент на зголемена мобилност, глобализацијата и на различни начини на искусување на културните различности Наша цел ќе биде да се анализира улогата на дијаспората како посредник помеѓу различните општества, носители на хибридни плуралност и посредни идентитети. Тоа би можело да донесе нов увид на дијаспората кој започнува од аргументот дека денес дијаспората во областа на културата има различно значење и форми отколку што беше тоа пред неколку децении. Притоа дискусијата ја засноваме на академски извори но и на анегдотални докази. Ќе се обидеме да го надминеме конвенционално размислување за концептите како што се идентитет, миграција/ мобилност и дијаспора.

 

Начин на пријавување

Нема генерациски, едукативни или какви било други ограничувања за учество во работилницата. Клучниот критериум е мотивацијата. За добра комуникација и интеракција, идеалниот број на учесници е 15.

Потребно е да се достави кратка биографија и кратко писмо за мотивација (до 15 реченици) на мејлот на ЗГ Есперанца, contact@esperanza-world-culture-center.org, најдоцна до 26 мај, кога ќе биде составена и конечната листа на учесници и сите заинтересирани ќе бидат повратно известени.

 

За проектот „Од дијаспора до различности“

Проектот „Од дијаспора до различности“ го реализира ЗГ Есперанца-Светски културен центар во соработка со Ремонт - независна уметничка асоцијација од Белград, Кунст ост од Грац и европската мрежа на менаџери во културата Оракл од Брисел. Проектот се занимава со редефинирање на поимот дијаспора во поширокиот современ контекст на глобализацијата, мобилноста, културниот номадизам и другите видови искуства на привремени и трајни изместувања од т.н. матични средини. Исто така, го истражува и значењето на културните разлики како и проблемите на интеграција во новите општествени околности. Во рамките на овој проект ќе се одржат десет еднодневни работилници, неколку изложби и конференција во Скопје, Белград, Грац, Казабланка, Хаг. Нив ќе ги водат, односно ќе учествуваат уметници, теоретичари, истражувачи, активисти и менаџери на културата кои во своите портфолиjа се занимаваат со темите на дијаспора, миграции, номадизам а и самите имаат искуство на прилагодување на нови општествени опкружувања.

Проектот се реализира со подршка на Балканскиот фонд за уметност и култура/Balkans Arts and Culture Fund (www.balkansartsandculture.fund).

 

За авторот:

Владимир Пиштало е роден 1960 год во Сараево, во Белград завршил правен факултет, а докторирал во САД на тема за иселениците од југословенските простори, со наслов „Жонглирање со три идентитети, српскиот, југословенскиот и американскиот идентитет меѓу американските Срби 1900-2000“.·
Овој истакнат српски писател веќе 18 години живее во Америка, каде предава светска и американска историја на Универзитетот во Вустер во Масачусетс.

Меѓу неговите најпознати книжевни остварувања спаѓаат и поетските прози „Сликовница“, „Манифести“, „Ноќи“, „Крај на векот“, збирката раскази „Витраж во сеќавањето“, „Приказни од целиот свет“ и романите „Милениум во Белград“ (кој беше во најтесна конкуренција за највисоката француска награда Фемина), „За чудото“ и најновиот роман „Венеција“ кој излезе минатата година.

Покрај овие дела, Пиштало е и автор на две необични литературно-биографски книги „Александрида“, бајковита историја за животот на Александар Македонски, како и на новелата „Корто Малтезе“