Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
Elizabetaseleva

Елизабета Шелева

Елизабета Шелева (1961) е редовен професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Претседавач на здружението Независните писатели на Македонија и уредничка на книжевното списание „Наше писмо“. Членка на македонскиот ПЕН центар. Долгогодишна уредничка на регионалното списание за литература и култура „Сараевски тетратки”, кое излегува во Сараево (БИХ). Предавала и организирала многу летни школи, научно-истражувачки проекти, била визитинг професор, приредувач на антологии и зборници. Преведува од англиски, српски, словенечки јазик. Објавила девет авторски книги.

 

Лични забелешки за дијаспоричната носталгија

Д-р Елизабета Шелева, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје

selieva@gmail.com · · · · · · · · · · · ·

· · · · · ·

Во средината на 20 век, литературата и филмот во САД се наоѓаа под влијание на еден специфичен уметнички сензибилитет, описно наречен·on the road- според истоимениот култен роман на Џек Кероак. Тој го изразуваше презирот на битниците кон „вкоренетото“, малограѓанско и ограничено секојдневие - во прилог на отворениот, себе-испитувачки предизвик на патувачкото искуство. Тоа нивно бунтовничко и „патувачки настроено“, егзистенцијално - уметничко кредо, го претставува можеби првото амблематско воспевање на мобилноста, номадизмот и разноликоста - во (иако не и вон) пространата земја, позната по своите бројни патишта и модерни автопати.·Несомнено, една од специфичните, архетипски одлики на американскиот светоглед (и менталитет) претставува токму просветлувачкото искуство и отворениот предизвик на патувањето. Од друга страна, овој „раз/местувачки“ императив има поинакво, суштинско значење за луѓето, кои живеат во дијаспора. Оние, кои го избрале животното „патување“ без враќање (или повраток) и кои, со оглед на тоа, се соочуваат со сосема поинакви и комплексни животни околности.

Овој труд е посветен на ревидираниот поим на носталгијата, што беше промовиран и елабориран во делото на Светлана Бојм, како удвоен концепт на времето и просторот. Тој, исто така, се однесува и на комплексната состојба на трајна „невдоменост, или невдомливост“, што е заедничка и експлицитно разработена од страна на низа автори, како Е.Саид. Г. Спивак, Ј. Кристева, Д. Угрешиќ (да споменеме само неколкумина од нив)

Светлана Бојм е дијаспорична писателка, по потекло од Русија, која најголемиот дел од својот академски и креативен живот, по своето емигрирање, го помина токму во САД (каде, во 2015 г, по тешка болест, и почина на 56 годишна возраст). Таа е пример за она, што денес вообичаено се нарекува “доброволен дијаспоричен субјект“ - па, сепак, нејзиниот најголем придонес во книжевната наука претставува токму книгата „Иднината на една носталгија“. Отаде, за нас овде·се поставува·интригантното прашање: кој би бил всушност најефектниот начин за спроведување на дијаспоричен „менаџмент“ во доменот на книжевноста?И, дали, на крајот од краиштата, тој начин, всушност, подразбира еден,навидум старомоден, а, сепак, интимно моќен модус, каков што е носталгијата и сеќавањето?·

 

Клучни зборови: носталгија, дијаспора, on the road,·