Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
liljana

Интеркултурна етика: медиско претставување на различноста

Лилјана Симиќ Деру

Независен истражувач,

Организациски антрополог на ЕУ

ориентирана кон големата слика

ljiljana.artecnet@gmail.com

 

Во овој труд ќе се обидеме да ја илустрираме важноста на интеркултурната етика и медиумите преку претставувањето на културната различност, преку истражување на етичкото влијание на сопствената видео продукција на ЕУ (пр. Растеме заедно - реклама за проширувањето на ЕУ). Европската комисија беше принудена да го повлече ова високобуџетно видео за промоција на проширувањето на ЕУ откако беше обвинета за претставување на другите култури на расистички начин.

Ова истражување ќе се обиде да покаже, преку ова видео како студија на случај, што практиката на медиумска различност му носи на општеството во однос на етичко претставување на граѓаните поврзани со воневропските култури и како политиката на различност на Европската унија влијае во создавањето на крос-културни медиуми кои го засегаат опсегот на интеркултурни етичките димензии.

Трудот почнува со критика на различните пристапи кон проблемот на интеркултурна етика и потоа продолжува развивајќи конструктивистички пристап кој го теоретизира претставувањето на културната различност во Европа. Ова ќе донесе некои практични согледувања за тоа кои се предизвиците и можностите во продукцијата на етичкото управување со разновидноста. Студијата ќе се обиде да придонесе кон обмислувачките практики на менаџерите во медиумите кои работат на европско и на меѓународно ниво поставувајќи ги темелите за специјален конструктивистички пристап кон интеркултурната медиска етика.

Клучни зборови: интеркултурна етика, видео реторика на ЕУ, претставување на различноста

 

Лилјана Симиќ Деру е независен меѓународен предавач и организациски антрополог на ЕУ. Докторанд во областа на меѓународните мултидисциплинарни научни студии за интеркултурната мапа на ЕУ и културната дипломатија. Таа е универзитетски професор за интеркултурни стратегии за комуникација. (Виена, Белфаст, Лил, Брисел). Долгогодишен советник, антиципатор и евалуатор за интеркултурни прашања во Професионалниот и Организацискиот развој во јавниот, како и приватниот и невладиниот сектор. Ко-автор, уредник на неколку академски книги, on-line изданија и учесник на разни меѓународни панели за крос-културен менаџмент, културна различност и интеркултурни политики. Живее во Брисел.